ВМРО-ДПМНЕ: Побарување на податоци

Воведување на строго правило според кое управните органи сами ќе бараат податоци од службените регистри и нема да се бара од граѓаните да доставуваат податоци кои се чуваат во службените регистри. Со оваа мерка ќе се воспостави Едношалтерски систем во вистинска смисла на зборот. Постепено ќе се инвестира во информатички технологии, со цел сите институции електронски да се поврзат и сите потребни информации да ги добиваат со размена на информации по електронски пат. Носител: Министерство за информатичко општество и администрација. Буџет: 2,75 милиони евра. [Рок: 2011 – јануари 2014]

Образложение:

Според Министерството за информатичко општество и администрација, отпочнати се пилот активности кои ги вклучуваат институциите: Министерство за внатрешни работи, Агенција за катастар на недвижности, Министерство за финансии – Управа за јавни приходи, Министерство за финансии – Царинска управа, Министерство за здравство – Фонд за здравствено осигурување, Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и Централен регистар на Република Македонија. [Ажурирано на: 10.11.2011]

Во Отчетот за сработеното на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Реформа на администрацијата“, за проектот „Побарување податоци “ е наведено:

Со измените и дополнувањата на Законот за општа управна постапка во април 2011 година и Законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност, се донесува задолжителна обврска за институциите да разменуваат податоци и документи по службена должност меѓу себе, без тоа да мора да го прави граѓанинот.

Граѓаните само преку еден шалтер ќе можат да добиваат документи за кои се води службена евиденција во одредена институција. Во април 2013 година Владата го усвои Предлог-законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност, со што институциите се обврзуваат да ја имплементираат реформата која за граѓаните, компаниите и субјектите значи обезбедување на сите потребни документи.  [Ажурирано на: 13.04.2014]

На 31 мај 2013 година Собранието го усвои Законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност [Ажурирано на: 13.04.2014]

Може да се констатира дека ова изборното ветување „побарување податоци“ е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција