ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка на агро-еколошки пристап во производството
Ќе започнеме со дополнителна поддршка на производството кое се базира на агро-еколошкиот пристап. Со ова ќе се овозможат дополнителни субвенции по грло или површина за одржување на посебни традиционални предели, биодиверзитетот (автохтони видови) и унапредување на традиционалните сорти и видови. Мерките ќе се реализраат преку националната програма за рурален развој од 2012 година, со постепено преземање од програмата ИПАРД. [Рок: 2012 – 2015]
Образложение:
Поддршката на агро-еколошкиот пристап во производството е опфатена во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2012 година, преку мерката за вршење на земјоделска дејност за заштита и унапредување на животната средина, како и мерката за воспоставување на систем за следење и анализа на автохтони раси на добиток и автохтони видови на растенија за земјоделско производство. За овие две мерка во програмата се одвоени вкупно 28,5 милиони денари. [Ажурирано на: 02.05.2013]
Поддршката на агро-еколошкиот пристап во производството е опфатена и во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 година, преку мерката за помош за зачувување на генетската разновидност на автохтони земјоделски растенија и автохтони раси на добиток, како и мерката за органско производство. За овие две мерка во програмата се одвоени вкупно 77 милиони денари. [Ажурирано на: 02.05.2013]
Поддршката на агро-еколошкиот пристап во производството е опфатена и во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014 година, преку мерката за помош за зачувување на генетската разновидност на автохтони земјоделски растенија и автохтони раси на добиток, како и мерката за органско производство. За овие две мерка во програмата се одвоени вкупно 106,5 милиони денари. [Ажурирано на: 07.04.2014]
Имајќи го предвид ова може да се каже дека ветувањето: „Поддршка на агро-еколошки пристап во производството“ е исполнето
Линкови:
- Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (12.03.2012): Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2012 година. [Пристапено на: 02.05.2013]
- Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (10.01.2013): Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 година
- Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (20.01.2014): Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014 година [Пристапено на: 07.04.2014]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар