ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за формирање и функционирање на земјоделските задруги
Продолжуваме да го поддржуваме формирањето и функционирањето на земјоделските задруги. На новите задруги ќе им се овозможи техничка поддршка за зајакнување на нивниот капацитет за самостојно функционирање. [Рок: 2011 – 2013]
Образложение:
Од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во ноември 2011 година беше објавен јавен повик за аплицирање за финансиска поддршка за формирање задруги и зачувување на руралните предели. Според најавите на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, за земјоделците кои ќе се здружуваат е предвидена техничка и организациона помош, поголеми субвенции, ослободување од плаќање надомест за вода, предност при доделување земјоделско земјиште, како и при набавка и комплетирање нова земјоделска механизација, и други слични мерки. [Ажурирано на: 16.04.2012]
Линкови:
- Идивиди (01.11.2011): Објавен јавен повик за аплицирање за финансиска поддршка за формирање задруги и зачувување на руралните предели. [Пристапено на: 16.04.2012]
- Утрински Весник (27.11.2011): Ќе се враќаат земјоделските задруги. [Пристапено на: 16.04.2012]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар