ВМРО-ДПМНЕ: Подобрување на патната врска од Градско до Прилеп и Битола

Проектот предвидува изградба на пат со коловоз кој опфаќа две ленти со ширина од 3,75 м и две бавни ленти со ширина од 2,5 м. Вредноста на проектот се проценува на 80 милиони евра. Средствата се планира да бидат обезбедени со заем од меѓународните финансиски институции и национално кофинансирање од Буџетот на Република Македонија. Со изградбата на новиот експресен пат во должина од 25,8 км, ќе се добие пат со минимум три ленти од Градско до Прилеп. Делницата ќе минува во близина на населените места Раец, Дреново, Камен Дол, Сирково, Крушевица и Градско. [Рок за изградба: 2012 – 2016 година]

Образложение:

Ветувањето се истражува

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција