ВМРО-ДПМНЕ: Поедноставување на постапката на евиденција и издавање на документи
Ќе создадеме услови за пренесување на граѓанските евиденции во посебен орган со цел поедноставување на постапката на евиденција и издавање на документи поврзани со граѓанските состојби (матична евиденција, евиденција на живеалиште и престојувалишта, издавање лични карти и патни исправи, државјанство и др.).
Образложение:
Со измената на законот во 2008 година направен е исчекор во организационата форма на водењето на матичната евиденција, односно нејзино трансформирање во надлежност на посебен орган – Управа за водење на матичните книги, орган во состав на Министерството за правда во својство на правно лице.
Линкови:
- PRAVO.org.mk. Закон за Матична евиденција. [Пристапено на: 19.05.2011]
- Управата за водење на матичните книги. [Пристапено на: 19.05.2011]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар