ВМРО-ДПМНЕ: Практиканство како поддршка за прво вработување

Во согласност со ветеното во програмата Преродба во 100 чекори, и во наредните 4 години ќе продолжиме со проектот Практиканство како поддршка за прво вработување на дополнителни 1.200 млади лица до 27 годи ни, за што е предвиден месечен надоместок во висина од 5.000 денари, за период од 3 месеци. Зголемување на искуството на младите луѓе кои завршуваат образование, а немаат практично искуство. Со оваа мерка се овозможува истите да стекнат работно искуство, а работодавачите да ги видат квалитетите и можностите на младите луѓе за можно вработување на истите кај нив. Апликациите ќе се поднесуваат и за работодавачите и за невработените млади лица во периодот од 1 март до 15 март секоја година по објавување на јавниот повик. За оваа мерка се предвидени на годишно ниво 4,5 милиони денари или вкупно 18 милиони евра. [Рок: 2011 – 2015]

Образложение:

Секој селектиран практикант ќе потпише тримесечен договор за практиканство со Агенцијата за вработување и со работодавецот, во кој се содржани деталните услови, права и обврски. Трошоците за месечниот надомест за практиканството во износ од 4.000 денари, како и осигурувањето во случај на несреќа при работа за секој практикант ќе бидат покриени од страна на проектот, додека персоналниот данок на доход ќе биде покриен од Агенцијата за вработување.

Во текот на изминатиот период беа објавени неколку огласи за поддршка за практикантите:

За оваа програмата ќе може да аплицираат 250 лица на возраст до 27 години на кои обуката ќе им биде прво вработување и ќе се смета како обука за практиканство.Притоа Агенцијата за вработување ќе им исплаќа месечен нето надоместок во висина од  4.000 денари во период од 3 месеци.

Со програмата за практиканство, се опфатени 250 лица и се предвидени околу 5 милиони денари финансиска поддршка. Се планира да бидат опфатени млади невработени лица до 29 години, а приоритет ќе имаат лица со завршен четврти степен средно образование и високо образование, преку нивно вклучување во програми за практиканство за период од три месеци. За спроведување на оваа програма, ќе се исплаќаат по 6.200 денари за лице месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Со Програмата за практиканство ќе бидат опфатени 319 лица, за што се обезбедени средства во висина од 5,150 милиони денари. Младите се ангажираат за период од три месеци при што им се исплаќаат по 6.200 денари за лице месечно со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Со оглед на тоа што оваа владина мерка се применува континуирано од 2011 година досега, ветувањето: „Практиканство како поддршка за прво вработување“,  е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција