ВМРО-ДПМНЕ: Премин од аналогна во дигитална телевизија
Согласно со стратегијата на Владата, предвидено е исклучување на аналогната телевизија и целосен премин кон дигитална телевизија. Ќе биде спроведен тендер за доделување на дигитална дивиденда (опсегот 790-862), при што нејзиното користење ќе биде возможно по исклучувањето на аналогната телевизија. [Рок: 1 јули 2013]
Образложение:
На први јуни 2013 година, официјално започна следење на телевизиските програми дигитално и со тоа целосно се исклучи од употреба аналогниот сигнал. И покрај најавите за целосна покриеност на дигиталниот сигнал на територијата од Р. Македонија се уште дел од руралните средини во Р. Македонија и покрај набавувањето на потребната опрема не се во можност ги следат телевизиските програми на приватните телевизии односно имаат пристап единствено до програмите на Македонската радио и телевизија.
Линкови:
- Од денеска дигитален телевизиски сигнал [Пристапено на: 03.07.2013]
- Зошто само МТВ уште емитува аналоген сигнал [Пристапено на: 03.07.2013]
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар