ВМРО-ДПМНЕ: Превентивни програми за унапредување на здравјето
Ќе продолжиме и ќе го зголемиме бројот на постојните, како и на нови превентивни програми и проекти наменети за унапредување на здравјето на жените („Надмудри го ракот“), децата, возрасните граѓани (бесплатни прегледи и тестирања), кои ги спроведува Министерството за здравство . Рок: во континуитет.
Образложение:
Заводот за здравствена заштита на мајки и деца – ЗЗЗМД има објавено дека во текот на 2007 и 2008 година спроведувал програми и проекти со цел унапредување на здравјето на жените и децата, во соработка со Министерството за здравство.
Кампањата „Надмудри го ракот“ е спроведена од Македонско женско лоби, Министерството за здравство на РМ (Здравствен дом на Скопје – Скопје), Комисијатата за еднакви можности меѓу мажите и жените при Собранието на РМ и Клубот на жени парламентарки во текот на 2007 и 2008 г. преку настани во разни градови, како Дебар, Струга, Ресен, Свети Николе…
Бесплатни прегледи за граѓаните од страна на институциите на јавно здравство биле спроведени во
- 2007 г. во Скопје и неколку други градови и села.
- 2008 г. во Скопје.
- 2009 г. во Скопје (25.09).
- 2010 г. во Скопје, како и Охрид и Битола.
- 2011 г. по повод 7 април, Светскиот ден на здравјето во Скопје (Ѓорче Петров), Кочани, Охрид… Како и во тек на предизборната кампања (Илинден).
Според написот „Запрена бесплатната мамографија“ од Дневник, на 01.01.2011 година:
„Министерството за здравство ја прекина практиката да обезбедува бесплатни прегледи, со која во изминатите шест години десетпати се зголеми бројот на прегледани – од 3.500 во 2004 година на 35.000 жени што во 2009 се снимале преку превентивната програма. Од Министерството повторно ветуваат бесплатни мамографски прегледи, но дури од 1 јуни.
Веднаш по Нова година, на 3 јануари, и на скопската Клиника за радиологија почнале да ги наплаќаат снимањата на дојките.“
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар