ВМРО-ДПМНЕ: Пријателски односи со Русија и Кина

Република Македонија ќе гради пријателски и партнерски односи и со Русија и НР кина, како на политички, така и на економски план.

Образложение:

Република Македонија гради пријателски односи со Русија, што може да се заклучи од дипломатските активности помеѓу двете земји, меѓу кои и средбата на претседателите Иванов и Медведев во 2010 година, потпишувањето на договор за решавање на рускиот клириншки долг кон Македонија, како и посетата на шефот на руската дипломатија Лавров на Македонија во 2011 година.

Исто така се градат пријателски односи и со Кина, преку посетата на претседателот на Собранието на РМ на Кина во 2010 година и пристигнување на висока делегација Народноослободителната Армија на Народна Република Кина во земјава истата година.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција