ВМРО-ДПМНЕ: Продолжување на концептот на заедничко брендирање

Продолжување со концептот на заедничко брендирање на Македонија кое започна со кампањата Macedonia Timeless, а ќе се дополни со изработка на унифициран рекламен материјал. Овие реклами ќе бидат користени во ТВ и печатени материјали од страна на организациите во земјата, но и од странските тур-оператори кои ќе ја понудат Македонија во своите програми и активности за промоција и брендирање на туристичките дестинации во Република Македонија. Тоа ќе го направиме со формирање на база на податоци, создавање на банка на туристички фотографии, филмови, текстови слајдови, ЦД-а, мултимедијални содржини, односно сè што може да се зачува во дигитална форма. Носител: Македонска национална туристичка организација во соработка со Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот. [Рок: 2012]

Образложение:

Според информациите, досега се изработени 9 рекламни спотови со кои се промовира туристичкиот потенцијал на Република Македонија на домашните и странските ТВ канали. Дополнително, во континуитет се врши промоција на земјата во странските електронски и печатени медиуми. Базата на податоци на туристички фотографии, филмови, текстови слајдови, ЦД-а, мултимедијални содржини и слични материјали, може да се најде на интернет страната http://www.macedonia-timeless.com/ . Ова ветувањето се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 12.04.2014]

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција