ВМРО-ДПМНЕ: Проект 50 нови винарски визби
Проект 50 нови винарски визби, кој вклучува понуда на 50 атрактивни градежни локации во винарските региони за нови винарски визби со можност за користење на државна поддршка со кофинансирање на дел од трошоците преку програмата за рурален развој. На овој начин заинтересираните домашни и странски инвеститори ќе ја зголемат конкуренцијата во винарската индустрија. Парцелите се веќе подготвени за огласување за заинтересирани инвеститори и со првите огласи ќе се започне веќе на почетокот на оваа есен. Почетната цена за градежните парцели е само 1 евро/м2 или цена од 0,1 евро/м2 за закуп на 99 години. [Рок: октомври 2011 – 2015]
Образложение:
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски, најави дека државата ќе понуди на продажба преку 50 локации со површина од 4 до 5 илјади метри квадратни и почетна цена од евро за метар квадратен за изградба на винарски визби низ Македонија. [Ажурирано на: 18.04.2012]
На 22.09.2011, Министерството за транспорт и врски распиша оглас за отуѓување на градежно земјиште во сопственост на државата со намена за изградба на винарии. На наддавањето беа понудени 41 локација. [Ажурирано на: 18.04.2012]
Според информациите, во Неготини продадени се 5 од понудени локации, а слободни се уште 15. [Ажурирано на: 18.04.2012]
На 22.09.2011 година Министерството за транспорт и врски распиша оглас за отуѓување на градежно земјиште во сопственост на државата со намена за изградба на винарии. На наддавањето беа понудени 41 локација. [Ажурирано на: 12.04.2014]
На 16 декември 2013 година Министерството за транспорт и врски распиша објави за отуѓување државно градежно неизградено земјиште со електронско јавно наддавање за изградба на винарски визби. [Ажурирано на: 12.04.2014]
Во Отчетот за сработеното на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Земјоделство, шумарство и водостопанство “, за проектот „50 атрактивни градежни локации во винарските региони за нови винарски визби со почетна цена од 1 евро/м2“, е наведено:
Во изминатиот период од страна на Министерството за транспорт и врски и општините беа понудени на продажба вкупно 57 градежни парцели за изградба на винарии на следниве локации:
-
16 градежни парцели во КО Ресава, општина Кавадарци,
-
4 градежни парцели во КО Кавадарци, општина Кавадарци,
-
11 градежни парцели КО Курија, општина Неготино,
-
6 градежни парцели во КО Црвени Брегови, општина Неготино,
-
4 градежни парцели во КО Неготино, општина Неготино,
-
8 градежни парцели во КО Паликура, општина Росоман,
-
8 градежни парцели во КО Мешеишта, општина Дебарца.
Може да се каже дека ова изборно ветување е исполнето.
Линкови:
- КТВ-Телевизија (03.09.2011): Локации за нови винарски визби. [Пристапено на: 18.04.2012]
- Build.mk (22.09.2011): Се продава државно земјиште за изградба на винарии [Пристапено на: 18.04.2012]
- Сител Телевизија (11.04.2012): Коњановски: Општина Неготино ќе добие 7 милиони денари за изградба на пат во село Тремник [Пристапено на: 18.04.2012]
- Отчет 2011-2014: Земјоделство, шумарство и водостопанство [Пристапено на: 12.04.2014]
- Лидер ( 16.12.2013): Повик за изградба на винарски визби во Квадарци, Неготино и Росоман [Пристапено на: 12.04.2014]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар