ВМРО-ДПМНЕ: 50 патеки со помагала за вежби

Во Република Македонија има многу места за рекреација во природа, за пешачење, трчање или за возење велоси-пед. Со мала интервенција на овие локации, односно поставување на фитнес-справи за вежбање и со адаптација на природниот простор, постојните рекреативно-излетнички места ќе прераснат во патеки соодветно адаптирани за рекреативно пешачење, трчање, планинско трчање, трим-патеки, планинско возење на велосипед, фитнес и слично. Овој проект е планирано за прв пат да се имплементира на падините на Водно, на потегот под и околу Милениумски-от крст, а потоа да продолжи низ целата држава. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Заклучно со 1 Април 2014 година, Проектот“50 патеки со помагала за вежбање“ не е реализиран. Ова ветување може да се најде и во Отчетот на Владата на РМ 2011-2014 година, во делот на неисполнети ветувања. Таму е напоменато дека “во тек е подготовка на законската и проектна документација“ а реализацијата на проектот се очекува да започне во 2015 година.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови: 

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција