ВМРО-ДПМНЕ: Атлетски патеки

Атлетиката е еден од базичните спортови. Атлетиката е кралица на спортовите. Со вежбањето атлетика се стекнува физичка сила, брзина и се зацврстуваат карактерните особини како што се храброст, одлучност и упорност.Затоа, започнавме со изградба на Атлетската патека по најсовремени стандарди, опремена со сите придружни објекти и реквизити, за да можат на неа да се организираат и да се одржуваат балкански првенства, клупски европски шампионати и меѓународни митинзи. Условите што ги нуди патеката ќе бидат соодветни за атлетичарите да се подготвуваат за сите натпревари и да ги постават националните рекорди. Досега ваков модерен атлетски објект се изгради на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, а предвидено е да биде изградена атлетска патека на Нацио-налната арена „Филип Втори Македонски“. [Рок: 2013 година]

Образложение:

Атлетската патека во Охрид е свечено пуштена во употреба во 2010 година.

Во јули 2012 година е отворена патеката на Националната арена „Филип Втори Македонски“.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција