ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Бањско-климатска рекреација на пензионери“

Во следните четири години продолжуваме со континуирана реализација на проектот „Бањско-климатска рекреација на пензионери“. Секоја година оваа услуга ќе можат да ја користат по 10.000 корисници на пензија. Во периодот 2012-2015, вкупно 40.000 македонски пензионери ќе ја искористат можноста за бањско-климатска рекреација и проверка на сопственото здравје. [Рок: 2012 – 2015]

Образложение:

За 2012 година, потпишан е договор со кој се обезбедува бањско-климатска рекреација за 10.000 пензионери. [Ажурирано на: 16.05.2012]

Оваа мерка е воведена и за 2013 година, и ќе можат да ја искористат 10 000 пензионери. [Ажурирано на: 06.05.2013]

На  18 јануари 2014 година министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов  изјави дека интересот за овој проект е значителен и од година во година расте, така што во 2013 година 27.000 корисници на пензија поднеле барања за користење на услугите од бањско климатската рекраеција, а истата ја  искористиле  повеќе од 5000 лица. Овој проект продолжува да се реализира и во 2014 година, за што се  обезбедени средства во Буџетот во износ од 38 000 000 денари  за дополнителни 5500 пензионери да имаат можност да ја искористат оваа бесплатна услуга.  [Ажурирано на: 08.04.2014]

Според ова може да се констатира дека ветувањето : „Бањско-климатска рекреација за пензионерите“, е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција