ВМРО-ДПМНЕ: Македонски таленти

Во наредниот период особено внимание ќе посветиме на откривањето, стимулирањето и на работата со надарените и талентираните ученици, и тоа почнувајќи од градење на образовна политика за работа со овие ученици, преку нивно откривање-детекција, па сè до конкретна работа со нив. За таа цел ќе се ангажираат стручни лица од различни области за развивање на инструменти и критериуми за идентификување на талентирани и надарени ученици од различни области. Ќе спроведеме обуки со педагозите и психолозите од училиштата за идентификација на надарените и на талентираните ученици и ќе се изработат програми заработа и следење на напредувањето на овие ученици. Во оваа насока, ќе овозможиме и отворање музички паралелки во постојните основни училишта за да се овозможи поголема достапност до нижото музичко образование за секое дете и рано откривање на талентите. Носител: Министерството за образование и наука. Буџет: 7,5 милиони денари. [Рок: 2015 година*]

Образложение:

Проектот Македонски таленти според информациите добиени од Бирото за развој на образованието е во почетоците на неговото имплементирање. Според последните информации од нивната веб страница, формирана е работна група од Министерството за образование и наука за одредување на начин и инструменти со кои ќе се овозможи препознавање-номинирање и идентификацијана талентираните ученици. Како што велат информациите, по завршувањето на оваа фаза, во наредната се очекува проект да биде имплементиран во неколку училишта каде ќе се видат предностите и слабостите на истиот, а подоцна се очекува тој д абиде спорведен на територијата на целата Република.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линк:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција