ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Млади претприемачи“
Младите претприемачи се перспектива за развојот на бизнис-секторот, малите и средни претпријатија и економијата. Поради тоа ќе се залагаме со креативна програма да се развие претприемачкиот дух на младиот човек.Во средните училишта во соработка на Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт, ќе сеодржуваат менторски програми на тема „Развивање на младиот претприемачки дух“. На овие менторски програми ќе земат учество успешни претприемачи од Македонија, кои ќе го споделат своето искуство со младите лица. Агенцијата за млади и спорт во соработка со Министерството за образование и наука и Агенцијата за вработување, ќе огранизираат годишен саем за вработување и кариера, каде што младите ќе можат на поедноставен и ефективен начин да одлучат за својата иднина. За реализација на овие активности ќе инвестираме 3 милиони денари годишно. Носител на проектот е Министер-ството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт. [Рок: 2015 година]
Образложение:
За реазлизација на овој проект досега се направени низа активности. Во 2012 година Владата на РМ донесе одлука да ги намали цените за регистрација на фирма од страна на студенти, односно малди претприемачи, кои сега чинат 250 денари. Министерството за Економија во Јули 2013 година објави повик за избор на најдобар бизнис план на млад претприемач цо награда за првото место од 330.000 денари. Во Октомври 2013 година Министерството за образование и наука започна со обуки за наставниците од средните училишта како да предаваат претприемаштво. Во Март оваа година беше отворен десетиот по ред саем за вработување и кариера кој претставува една од алатките за успешна реализација на овој проект.
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- Финансиска помош за млади претприемачи за започнување бизнис
- Студентите ќе отвараат фирма со 250денари
- Обуки за наставниците од средните училишта како да предаваат претприемаштво
- Отворен 10тиот саем за вработување и кариера
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар