ВМРО-ДПМНЕ: Проект: „Отворен регион“

Во периодот 2011-2015 година ќе овозможиме поголема мобилност и подобра комуникација на македонските државјани со нивните блиски што живеат во соседните држави, посебно во пограничните региони преку: Склучување договори за патување со лични карти или други документи кои би го олесниле патувањето во пограничните региони; Отварање Заеднички контактни центри по примерот на центарот со Бугарија и преминување кон системот на едно застанување; Отворање на Заеднички гранични премини за локален сообраќај (со Бугарија ГП „Клепало“, со Србија Огут-Требениште, Белановце-Станчиќ, Голеш-Црцорија, со Косово Танушевци-Дебалде, со Албанија-Џепиште –Требиште). [Рок: 2011 – 2015]

Образложение:

Отворањето на новиот граничен премин Голема Црцорија Голеш ќе значи зближување на граѓаните од Македнија и Србија а токму интересот на граѓаните е нашиот најголем приоритет – рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска на 06.05.2011 на свечено пуштање во употреба на преминот.

Од 02.05. 2013 година започна да функционира граничниот премин Џепчиште-Требиште кој ќе работи секој ден од 8 до 20 часот, односно од 8 до 18 часот според зимското работно време.

На осми октомври 2013 година заменик-министерот за транспорт и врски, Џељиљ Бајрами за весникот „Коха“ изјавил: Премин Белановце-Станчиќ ќе се отвори за една година.

Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Безбедност и внатрешни работи“, за проектот „Отворен регион“ е наведено:

Република Македонија има склучено договори за патување само со лична карта со Србија, Албанија и со Црна Гора; Отпочна со работа Заедничкиот контакт-центар за полициска и царинска соработка со Р. Бугарија (лоциран на ГП Ѓуешево / Деве Баир); Отворен е заеднички контакт-центар за полициска соработка со Р. Албанија, ГП Ќафасан; Отворен е заеднички контакт-центар ГП Табановце со Р. Србија; Отворен е заеднички Граничен премин Џепиште – Требиште; Oтворен е новиот реконструиран и модернизиран Граничен премин Долно Блаце; Отворени се два заеднички гранични премини наменети за локален сообраќај: во текот на 2011 година Голема Црцорија – Голеш и во текот на 2013 година Џепиште – Требиште.

Имајќи го предвид сето ова, проектот „Отворен регион“ не е во целост реализиран, така што, ветувањето е делумно исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција