ВМРО-ДПМНЕ: Учење преку игра

Целта на овој проект е да се искористи желбата на децата за игри и преку нив да им овозможи пријатно искуство во совладувањето на учебната материја во кои учениците ќе уживаат и ќе бидат активно вклучени. Постои голем избор на игри и активности што можат да се насочат кон учење. Во рамките на овој проект ќе бидат развиени поголем број сериозни видеоигри кои ќе им овозможат на децата полесно и со уживање да ги совладаат наставните содржини, посебно од областите на математиката и техниката. Ќе обезбедиме од 10 до 12 видеоигри годишно по наставните предмети: мајчин јазик, математика, историја, биологија, хемија, географија, физика и странски јазик. Ваквиот пристап ќе ја ослободи креативноста на учениците и ќе придонесе кон нивна поголема посветеност кон овие значајни области. Носител: Министерството за образование и наука. Буџет: 1,2 милиони денари годишно. [Рок: 2015 година*]

Образложение:

Министерството за образование на 04.04. објави дека се започнати подготовките за реализација на проектот „Учење преку игра“. Со овој проект е предвидено учениците преку видеоигри полесно да ги совладаат наставните содржни преку забавни и интересни загатки и задачи. Во ресорното министерство истакнуваат дека „Ваквиот пристап ќе ја ослободи креативноста на учениците и ќе придонесе кон нивна поголема посветеност во изучувањето на наставните предмети, кон продлабочување на знаењата на учениците и  поттикнување на креативност во примената на стекнатите знаења во секојдневниот живот“. [Ажурирано на: 05.04.2012]

Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Образованието – Клучен фактор за напредокот на земјата“, за проектот „Учење преку игра “, е наведено:

Изготвени се видеоигри за предметите запознавање на околината (за 3. одделение) хемија (за 7. и 8. одделение), физика (за 7. и 8. одделение) и запознавање со природата (за 4. одделение).  [Ажурирано на: 14.04.2014]

Бидејќи се направени видео-игри само за неколку предмети ова ветување се оценува како делумно исполнето.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција