ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Универзитетски SPIN-OFF компании“
Ќе ја зајакнеме улогата на универзитетите во истражувачката дејност, согласно со потребите на пазарот. Посебна предност ќе се даде на индустрискиот дизајн, инженерските услуги, софтверот, новите технологии и истражувањето и развојот на фармацијата и медицината. Партнерството помеѓу науката и бизнис- секторот ќе го поттикнеме преку доделување грантови во вредност до 20.000 евра за кофинансирање на spin-off компании што ќе извршат комерцијализација на нови производи, услуги и технолошки процеси. [Рок: јануари 2012 – 2015 година]
Образложение:
И покрај најавите за реализација на овој проект, истиот се уште не е реализиран. Според Отчетот за сработеното на Владата на Р. Македонија, реализацијата на проектот се очекува да се случи во иднина.
“Партнерството помеѓу науката и бизнис-секторот ќе го поттикнеме преку доделување грантови во вредност до 20.000 евра за кофинансирање на спиноф-компании што ќе извршат комерцијализација на нови производи, услуги и технолошки процеси, преку Фондот за иновации и технолошки развој.”
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- Отчет за сработеното на Владата на РМ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014 стана 194 [Пристапено: 07.04.2014]
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар