ВМРО-ДПМНЕ: Програма за дополнителни вработувања

Програма за дополнителни вработувања со грант од 1.500 евра за секое нововработено лице односно вкупно 450 дополнителни вработувања за период 2011-2015 година во фирмите регистрирани со мерките: Самовработување од идеја до бизнис и формализација реализирани во период од 2007 година, заклучно со 2013 година. Со оваа мерка се помагаат новите бизниси кои се формирале со грантовите од претходните години и истите остваруваат позитивни економски биланси со своето вработување, а сакаат да се прошират со ново вработување и да обноват дел од опрема во својата компанија или да дополнат од репроматеријали. Со оваа мерка ќе се зголемат вработувањата, а истовремено ќе се окрупнат малите бизниси. Апликациите за оваа мерка ќе се доставуваат по објавениот јавен повик во периодот од 1 април до 15 април секоја година, како од работодавачите така и од заинтересираните невработени лица. Врз основа на позитивните економски и финансиски биланси на работодавачите, ќе бидат селектирани истите како крајни корисници и ќе се спојат со заинтересираните невработени лица кои аплицирале. Буџетот е 8,13 милиони денари на годишно ниво за период 2011-2015, вкупно 40,67 милиони денари. [Рок: 2011 – 2015]

Образложение:

Оваа мерка беше воведена во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2011 година на Министерството за труд и социјална политика. Сепак, истата таа мерка не е опфатена во Оперативните планови за активни програми и мерки за вработување на Министерството за труд и социјална политика во 2012, 2013 и 2014 година. Според тоа може да се заклучи дека по 2011 година одлучено е да биде напуштена примената на оваа мерка. Ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 10.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција