ВМРО-ДПМНЕ: Програма за мобилност на работна сила

Воведуваме мерка Програма за мобилност на работна сила во рамките на државата за високообразовани лица како приоритени, но и лица со друга наобразба до 34 години кои ќе се вработат над 60 км од местото на живеење со финансиска поддршка на истите од 3000 евра (освен во Скопје и јавните институции). Апликациите ќе се примаат по објавување на јавниот повик во периодот од 1 април до 15 април секоја година. На јавниот повик ќе се пријавуваат и работодавачите што бараат работници, но и невработените лица што бараат работа надвор од нивното место на живеење. За оваа мерка се предвидени 60 илјади евра за 20 лица или за 4 години вкупно 240 илјади евра или 80 лица. [Рок: 2011 – 2015]

Образложение:

Оваа мерка беше воведена во 2011 година и беше опфатена како пилот програма во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2011 година на Министерството за труд и социјална политика. Сепак, со оглед на тоа дека оваа мерка не е опфатена во Оперативните планови за активни програми и мерки за вработување во 2012, 2013 и 2014 година, може да се заклучи дека примената на оваа мерка не продолжи по 2011 година. Според тоа, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 06.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција