ВМРО-ДПМНЕ: Програма за обука за одделни занимања кои се дефицитарни на пазарот на трудот

Продолжување на Програмата за обука за одделни занимања кои се дефицитарни на пазарот на трудот, според анализата за пазарот на трудот од претходната година. Во текот на 2011 година ќе се спроведе пилот-програма за обука и преквалификација на 800 млади лица до 29 години за потребите на текстилната индустрија на цела територија на РМ. Во следните години ќе се спроведуваат континуирани обуки во зависност од недостатокот на одредени профили на кадар на пазарот на работна сила. Намалување на дефицитот со квалификувана работна сила по гранка и професија. За 2011 буџетот е 9,6 милиони денари, а за четири години, вкупниот буџет е 38,4 милиони денари. [Рок: 2011 – 2015]

Образложение:

Оваа мерка е опфатена во Оперативните планови за активни програми и мерки за вработување на Министерството за труд и социјална политика во 2011, 2012, 2013 и 2014 година, со што континуирано се обезбедуваат финансиски средства за обука за одделни занимања кои се дефицитарни на пазарот на трудот. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 10.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција