ВМРО-ДПМНЕ: Програмата за подготовка за вработување преку обуки, преквалификации или доквалификации

Продолжување со имплементацијата на Програмата за подготовка за вработување преку обуки, преквалификации или доквалификации и советувања на невработени лица заради стекнување на знаења и вештини, со цел зголемување на нивните капацитети за подобра вработливост. Со оваа мерка се обучуваат лица за професии кои се дефицитарни и за истите нема соодветни невработени лица кои ќе бидат понудени на работодавачот, со што се овозможува истите да се обучуваат кај работодавачот и подоцна да засноваат работен однос на неопределено време. За оваа мерка се предвидени 39,43 милиони денари на годишно ниво односно за 4 години вкупно 157,724 милиони денари. Мерката се реализира континуирано целогодишно во зависност од барањата на работодавачите. [Рок: 2011 – 2015]

Образложение:

Оваа мерка е опфатена во Оперативните планови за активни програми и мерки за вработување на Министерството за труд и социјална политика во 2011, 2012, 2013 и 2014 година, со што континуирано се обезбедуваат финансиски средства за подготовка за вработување преку обуки, преквалификации или доквалификации и советувања на невработени лица заради стекнување на знаења и вештини, со цел зголемување на нивните капацитети за подобра вработливост. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 10.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција