ВМРО-ДПМНЕ: Раст на инвестиции

Инвестициите во наредните години ќе растат со стапка од 7-10% годишно и до крајот на 2015 година ќе достигнат околу 30% од БДП. Странските директни инвестиции очекуваме да се зголемуваат од година во година, при што од ниво од 350-400 милиони евра во 2012, ќе достигнат 550-650 милиони евра во 2015 година.

Образложение:

Според податоците од EUROSTAT базата на Европската Комисија, странските директни инвестиции за периодот од 2009 до 2011 година изнесуваат:

  • 2011 – 303,5 милиони евра (Извор – НБРМ)

Во текот на 2012 година странските директни инвестиции во Република Македонија бележат пад споредено со 2011 година, и тие изнесуваа 45,7 милиони евра. Оваа бројка е многу помала од ветените странски инвестиции за 2012 година (350-400 милиони евра)

Што се однесува на странските директни инвестиции за 2013 година, последната официјална бројка се однесува за првите 8 месеци од годината, и тие изнесуваа 157 милиони евра.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција