ВМРО-ДПМНЕ: Размена на приватното со државно земјоделско земјиште

Во насока на окрупнување на земјоделското земјиште во државата, ќе ги решиме предметите на размена на приватното со државно земјоделско земјиште таму каде што целосно се исполнети предвидените законски услови. Во насока на олеснување на постапките и забрзување на процесот на размена, Министерството за земјоделство ќе понуди анализа и подобрено законско решение. [Рок: март 2012]

Образложение:

Според официјалниот документ на Владата на РМ, Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012, започнати се активностите за пилотирање на доброволна комасација во рамките на проектот СТИМЕРАЛД, но овој проект се уште не е завршен, иако рокот за тоа е март 2012 година. Дополнително, законските измени со кои се регулира ова прашање се донесени на 26.07.2012 или 4 месеци по истекот на рокот за исполнување на ова ветување. Според тоа, ова ветување се оценува како неисполнето.[Ажурирано на: 15.09.2012]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција