ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција и опремување на казнено-поправен дом Идризово

Во периодот 2011-2015 ќе се продолжат активностите за изградба, реконструкција и опремување на: Казнено-поправен дом Идризово преку изградба на нови објекти со површина од 43000 м2, со што вкупниот капацитет на оваа установа ќе се зголеми од 900 на 1510 места. [Рок: декември 2013]

Образложение:

Завршен е процесот на реновирање на Петтото крило во затворениот дел на Казнено-поправниот дом Идризово. [Ажурирано на: 29.03.2012]

Во Отчетот за сработеното на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Земја на мирот, сигурноста, правдата и безбедноста,  е наведено:

На 16 септември 2013 година поставен е камен-темелник за градба на Казнено-поправниот дом „Идризово“ и започнати се градежни активности на објектите од првата фаза на градба на КПД „Идризово“. Оваа установа ќе се гради во три фази и се очекува да заврши во текот на 2018 година.  [Ажурирано на: 13.04.2014]

Инвестицијата вредна 52 милиони евра, е обезбедена од Банката за развој при Советот на Европа и од Буџетот на државата, а ќе овозможи европски стандарди во однос на условите за издржување казни на осудениците и ќе се зголеми капацитетот на установата од 900 на над 1.600 лица.  [Ажурирано на: 13.04.2014]

Имајќи ги предвид изборните проекции и рокови, ова ветување е неисполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција