ВМРО-ДПМНЕ: Систем за идентификација на земјишни парцели, Вински катастар и Катастар на овошни насади и маслинки
Целосно ќе се заврши Системот за идентификација на земјишни парцели, Винскиот катастар и Катастарот на овошни насади и маслинки. Системот ќе овозможи точно одредување на парцелите што ги обработуваат земјоделците, поедноставување на постапките за аплицирање за субвенции и поголем годишен увид во произведените количини. [Рок: ноември 2012]
Образложение:
Заклучно со истекот на рокот за исполнување на ова ветување, овој систем сè уште не беше целосно завршен. Според тоа, ова ветување се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 02.05.2013]
Линкови:
- Дневник (03.01.2013): Без регистрација на земјиштето нема субвенции. [Пристапено на: 02.05.2013]
- 24 Вести (14.03.2013): Без евидентирани земјоделски парцели нема субвенции. [Пристапено на: 02.05.2013]
Оценето од: Дејан Димитриевски
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар