ВМРО-ДПМНЕ: Систем за издавање дигитални сертификати
Воспоставување систем преку кој ќе се издаваат дигитални сертификати на јавната администрација. Ќе биде формирано доверливо трето тело кое ќе ги задоволи сигурносните барања на јавната администрација и ќе функционира под меѓународно прифатливи стандарди. Вработените во администрацијата ќе можат електронски да ги потпишат сите документи што ги работат и во секој момент ќе може да се следи кој кога го потпишал документот за потребите на институциите или граѓаните. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со Министерството за внатрешни работи. Буџет: 1.6 милиони евра. [Рок: јуни 2013]
Образложение:
Набавката на систем за издавање на дигитални сертификати на јавната администрација е започната во 2009 година. Според достапните информации се работи на анализа за изградба на податочен центар во Владата на РМ кој ќе може да се употреби зареализација на неопходната PKI (public key infrastructure) инфраструктура за имплементација на напредни владини електронски услуги.
Формирањето на Национално тело за издавање на сертификати, кое ќе издава сертификати на јавната администрација, е проект на Министерството за информатичко општество и администрација кој е наведен во Стратегијата за е-Влада 2010-2012, а планирано било да се имплементира во периодот 2009 – 2010 год. За сега нема информации за формирање на ова тело.
Според Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија за периодот од 2011 до 2014 година, страна 109, реализацијата на овој проект не е започната и таа е одложена за наредниот период. Според тоа, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 01.04.2014]
Линкови:
- Министерство за информатичко општество и администрација. Национално тело за издавање сертификати (National Certification Authority). [Пристапено на: 21.03.2012]
- Министерство за информатичко општество и администрација. Јавни набавки / 2009 (Предмет: Набавка на систем за издавање на дигитални сертификати за јавната администрација (PKI)). [Пристапено на: 21.03.2012]
- Министерство за информатичко општество и администрација. Стратегија за е-Влада 2010 – 2012. [Пристапено на: 21.03.2012]
- ВМРО-ДПМНЕ: Отчет за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014 [Пристапено на: 01.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар