ВМРО-ДПМНЕ: Систем за третирање, собирање и преработка на отпадот од животинско потекло
Ќе воспоставиме систем за третирање, собирање и преработка на отпадот од животинско потекло на целата територија на државата. Активностите за дизајнирање на системот, подготовка на проектна и тендерска документација ќе завршат до ноември 2011година, а целиот систем треба да биде во одмината фаза на имплементација во 2015 година. [Рок: 2011 – 2015]
Образложение:
Според податоците презентирани во Отчетот за сработеното на Владата на Р. Македонија, во правец на исполнување на ова ветување во општината Велес започната со активноста за избор на соодветна локација за изградба на погон за собирање и преработка на нус-производи од животинско потекло.
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
Отчет за сработеното на Владата на РМ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери страна 123 [Пристапено на: 06.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар