ВМРО-ДПМНЕ: Скратување на чекорите за добивање безбедни документи
Ќе ги скратиме чекорите за добивање безбедни документи со широк опсег на употреба преку: Овозможување на безготовинско плаќање на трошоците во управните служби; Поврзување на интернет-страницата на МВР со кол-центарот со можност за електронско закажување на термин за вадење документи и проверка дали се документите изготвени.
Образложение:
Овој проект е реализиран. Овозможено е безготовинско плаќање на трошоците во управните служби, како и електронско закажување на термин за вадење документи и проверка дали се документите изготвени. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 08.04.2014]
Линкови:
- Вечер (21.06.2011): Термини за лична карта и пасош преку интернет. [Пристапено на: 08.04.2014]
- Сител Телевизија (27.02.2013): Безготовинско плаќање за аплицирање нови лични карти. [Пристапено на: 08.04.2014]
- Министерство за внатрешни работи на Република Македонија (27.02.2013): Промовирано безготовинското плаќање при аплицирање за нови лични документи. [Пристапено на: 08.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар