ВМРО-ДПМНЕ: Социјално осигурување на граѓани во странство

Продолжуваме со обезбедување на социјално осигурување на македонски граѓани што работат и живеат во странство, преку склучување на договори со Италија, Црна Гора, Албанија и со други европски држави. Преку склучувањето на овие договори се постигнува координација на социјалната сигурност, слободно движење на работниците, избегнување на двојно оданочување при вработувањето, остварување на права од социјално осигурување, еднаков третман при користењето на правата што се обврски од регулативите на Европската унија за слободното движење на работниците.

Образложение:

Според информациите од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, за време на овој мандат на Владата, склучени се договори за социјално осигурување на граѓани во странство со Црна Гора, Канада и Косово, со Данска договорот е потпишан и се чека на ратификација од страна на данскиот парламент, додека договорите со Италија и Унгарија се парафирани и се чека на нивното потпишување. Ова ветување се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 07.04.2014]

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција