ВМРО-ДПМНЕ: Совети на млади во општините и државен совет за млади

Со формирањето на советите на млади во општините во Македонија, ќе се направи првиот чекор кон зголемување на младинското учество во процесите на донесување на одлуки на локално ниво. Тие ќе претставуваат претставнич-ко тело на младите во рамките на советите на општините.Државниот совет за млади, како независна организација ги застапува интересите на младите на национално и на меѓународно ниво преку што ќе се зголеми директно учество на младите во процесот на донесување одлуки на национално и на меѓународно ниво. [Рок: 2013 година]

Образложение:

 

Проектот за воспоставување на Совети на млади во општините се спроведува скоро во сите општини во земјата. Формирани се Совети на млади во општините Струмица, Радовиш, Куманово, Охрид,Неготино, Штип и Гостивар. Што се однесува до формирањето на Државен совет за млади, поради низата несогласувања на младинските организации со Предлог- законот за млади, истиот беше повлечен во Октомври 2011 година, и за сега нема информации кога новиот Предлог-закон ќе биде ставен во процедура.

 

Линк:

Младинските организации го поздравуваат повлекувањето на Предлог-законот за млади 

Јавен повик за предлагање на кандидати за членови на советот на млади на општина Неготино 

Извештај за тековна имплементација на проктот Совети на млади во општините

Младинскиот совет во општина Гостивар , ја започна својата работа со пригодна свеченост 

Формиран Совет на млади во општина Охрид 

Штип: Советот на млади започна со проектот “Недела на идеи“

Младиснки совет Струмица 

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција