ВМРО-ДПМНЕ: Советувалишта за заштита на ранливите групи

Планираме отворање на дополнителни советувалишта за заштита на ранливите групи на територија на Република Македонија: Советувалишта за родители и деца, деца во ризик; Советувалишта за работа со жртви на семејно насилство; Советувалишта за превенција од дрога кај млади лица; Советувалишта за работа со насилници заради прекинување на кругот на насилство [Рок: декември 2013]

Образложение:

Отворени се повеќе советувалишта за заштита на ранливите групи на територијата на Република Македонија, меѓу кои неколку советувалишта за родителите на проблематични деца, советувалиште за превенција од употреба на дроги кај средношколците и советувалиште за работа со сторители на семејно насилство во Скопје, центри за жртвите на семејно насилство, итн. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 08.04.2014]

Линкови:

Сител Телевизија (16.01.2012): Стартуваат советувалишта за родителите на проблематични деца. [Пристапено на: 08.04.2014]

Идивиди (15.09.2012): Отворено првото Советувалиште за превенција од употреба на дроги кај средношколците. [Пристапено на: 08.04.2014]

Точка (22.08.2013): Промовиран Центар за жртви на семејно насилство. [Пристапено на: 08.04.2014]

Плус Инфо (28.10.2013): Отворен првиот центар за жртвите од семејно насилство. [Пристапено на: 08.04.2014]

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција