ВМРО-ДПМНЕ: Стимулации за започнување на нов земјоделски бизнис

Ќе го поддржиме процесот на побрзо предавање на земјоделските стопанства на млади земјоделци од 18 до 40 години со обезбедување финансиски стимулации за започнување на новиот земјоделски бизнис во висина од 600.000 денари. Активноста ќе биде спроведена преку националната програма за рурален развој и дополнително и преку програмата ИПАРД. [Рок: 2012 – 2015]

Образложение:

Оваа мерка е опфатена во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2012 година, и за нејзино спроведување во 2012 година одвоени се 3 милиони и 300 илјади денари. [Ажурирано на: 29.04.2013]

Во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 година за  „Помош на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност“  се одвоени 7 милиони денари. Но, како што е наведено во Програмата, дел од овие средства во висина на 2,3 милиони денари се наменети за спроведувањето на постапки од мерката „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“ од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2012 година. [Ажурирано на: 06.04.2014]

Во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014 година за  „Помош на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност“  се одвоени  8 милиони денари. Но, како што е наведено во Програмата дел од овие  средства во износ од 1.727.940 денари се наменети за подмирување на ненадмирени обврски од реализација на мерката „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“ од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2012 годинa, a дел од средствата  а во износ од 4.100.000 денари се наменети за подмирување на ненадмирени обврски од реализација на мерката „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“ од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 година. [Ажурирано на: 06.04.2014]

Со оглед на ова може да се каже дека ветувањето: „ Стимулација за започнување на нов земјоделски бизнис“  е исполнето

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција