ВМРО-ДПМНЕ: Стратегија за одбрана

Со новата Стратегија за одбрана, создадовме основа за донесување на Долгорочниот план за развој на одбраната. Со него ги поврзавме стратегиските мисии со долгорочните одбранбени развојни цели на системот за одбрана, структурата и способностите на МО и АРМ и потребните ресурси за постигнување на тие цели. Во периодот 2011–2015 година ќе продолжиме со: овозможување услови за одржување на висок степен на подготвеност на припадниците на АРМ, опремување, модернизација и спроведување на реформи во одбраната и развој на воените способности за учеството во мировните мисии предводени од НАТО, ЕУ и ООН, градење на капацитетите на Армијата на Република Македонија во областа на кризниот менаџмент и помош и соработка со цивилното население, подобрување на условите за работа на припадниците на АРМ и реновирање на објекти во гарнизоните во Кичево, Прилеп, Велес, Тетово, Куманово, Штип и во Скопје, развивање на системот на воено здравство во чии рамки ќе биде ставена во функција една лесна маневарска полска болница, која ќе биде оперативна до крајот на 2013 година. [Рок: 2011 – 2015]

Образложение:

Со оглед на преголемата општост и сеопфатност на ова ветување, претставува практично невозможно објективно да се анализира дали ова ветување е исполнето или не. Земајќи го тоа во предвид, ветувањето се оценува како неконкретно. [Ажурирано на: 13.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција