ВМРО-ДПМНЕ: Стратегија за спроведување на дополнителна настава на македонски јазик во странство
Ќе развиеме Стратегија за спроведување на дополнителна настава на македонски јазик во странство и создавање на мрежа на македонски училишта во светот.
Образложение:
Нема информации дека досега е развиена Стратегија за спроведување на дополнителна настава на македонски јазик во странство. Во официјалната програма на Владата за периодот од 2008-2012, како една од клучните цели се споменува овозможување дополнителна настава на македонски јазик во странство и создавање мрежа на македонски училишта низ светот, но нема информации дека нешто конкретно е завршено.
Линкови:
- Влада на РМ. Програма на Владата на Република Македонија. [Пристапено на: 25.05.2011]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар