ВМРО-ДПМНЕ: Субвенции за 2012 година

За 2012 година планираме продолжување на значителното субвенционирање на најважните земјоделски сектори, дополнително зголемени кај поголем дел од производите, и тоа за:

  • тутунот 60 ден/кг
  • житни, индустриски и фуражни култури 9.000 ден/ха (плус 3.000 ден/ха за користење на сертифицирано семе), додека за оризот и за сончогледот 12.000 денари/ха
  • говедарство 2.800 ден./грло говедо и 3,5 ден./литар млеко плус
  • овци 1.000 ден./грло и 3,5 ден./литар овчо млеко
  • кози 900 ден./грло и 3,5 ден./литар овчо млеко
  • овошје и зеленчук 28.000 ден./ха и 2,0 ден./кг производ предаден во преработувачка индустрија
  • винско грозје за постојни насади 40.000 ден./ха
  • пчели 600 ден./обележано семејство
  • подигање на нови насади грозје: 140.000 ден./ха за винско и 160.000 ден./ха за трпезно, и 100.000 ден./ха за овошни насади.

Покрај тоа, значително ќе ги зголемиме буџетските средства за поддршка на руралниот развој што имаат најдиректно влијание на подобрување на конкурентската способност преку покривање на половината од трошоците за инвестиции за модернизација на земјоделското производство, трговијата и преработките.

Ќе продолжиме со политиката на стимулирање на органските производители и за производителите кои воведуваат пазарни стандарди за квалитет ГЛОБАЛГАП. Ќе продолжиме со субвенционирање на полисата за осигурување на земјоделските површини и трошоците за хемиски и педолошки анализи на почвата за правилно ѓубрење. Регистрираните земјоделци ќе добиваат повисока субвенција од основната за најмалку 5%, младите земјоделци и жени до 40 години дополнителни 10%, а за планинските места субвенцијата се зголемува за 15%.

Образложение:

Сите мерки предвидени во ова ветување се опфатени во Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2012 година. [Ажурирано на: 15.05.2012]

Според претседател на Федерацијата на фармерите на Република Македонија, во 2012  година се направени  голем број промени во земјоделството. Донесена е петгодишна програма за субвенционирање која треба да даде нова насока на развојот на земјоделството, се хармонизираа многу закони, a се даде можност на стопанството да се ревитализира. [Ажурирано на: 12.04.2014]

Во јули 2012 година премиерот изјави од 15. јуни до 15. јули, во екот на најголемата должничка криза во Европа, Владата успеа да исплати 63 милиони евра субвенции на земјоделците. Со субвенциите се дава придонес во мотивацијата на земјоделците да го зголемат производството, да стопанисуваат, да влегуваат во инвестиции, да го прошируваат обемот на обработена земја, да ги задоволат своите потреби и интереси. [Ажурирано на: 12.04.2014]

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски во мај 2013 година изјави дека  Владата направи распределба на значителни буџетски средства за директна поддршка на инвестициите за рурален развој. Целта одеше во два правца, зголемување и стабилизација на приходите на земјоделците и покривање на дел од трошоците за инвестиции за реконстриуирање и поддршка на земјоделското стопанство. Извршивме поттик на нови инвестиции и влез на свеж капитал за земјоделскиот сектор да стане попривлечен за зголемување на инвестициите. [Ажурирано на: 12.04.2014]

Имајќи го предвид сето ова може да се каже дека ветувањето: „Субвенции за 2012“ е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција