ВМРО-ДПМНЕ: Трансформација на ЈП Македонски шуми

Ќе го трансформираме ЈП Македонски шуми во модерен европски систем кој ќе се грижи за развојот и за заштитата на шумскиот фонд во државата. [Рок: 2013]

Образложение:

Според информациите во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014, страна 122, процесот на трансформација на ЈП Македонски шуми е во тек. За таа цел е подготвен модел на трансформација на ЈП Македонски шуми во соработка со неколку странски агенции. Во рамките на првата фаза во 2013 година извршена е реорганизација на ЈП Македонски шуми, додека во следната фаза е предвидено да се изврши трансформација на ЈП Македонски шуми преку донесување на посебен закон. Со оглед на тоа дека рокот за исполнување на ова ветување е 2013 година, а процесот на трансформација на ЈП Македонски шуми сеуште не е завршен, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 12.04.2014]

Линкови:

ВМРО-ДПМНЕ: Отчет за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014. [Пристапено на: 12.04.2014]

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција