ВМРО-ДПМНЕ: Центар за повици и информирање во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
Ќе отвориме центар за повици и информирање во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Земјоделците и другите корисници на политиките во земјоделството ќе можат брзо и точно на бесплатен телефон да ги добијат сите потребни информации за која било област од надлежност на Министерството, додека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе обезбеди неколку линии целосно достапни за брзи информации на земјоделците околу исплатата на субвенциите. [Рок: септември 2011]
Образложение:
Центарот за повици и информирање беше отворен на 07.09.2011.
Станува збор за современа телефонска централа преку која со бирање на бројот 02/3097-460, односно префиксот 1, може да се добијат информации за директните плаќања во земјоделството. Со бирање на префиксот 2 ќе се добијат информации за финансиска поддршка во руралниот развој, рибарството и аква-културата, а со бирање на префиксот 3 информации поврзани со ИПАРД-програмата. – Сител Телевизија
[Ажурирано на: 19.04.2012]
Линкови:
- Сител Телевизија (07.09.2011): Отворен Центар за контакти за ИПАРД средствата и субвенции во земјоделството. [Пристапено на: 19.04.2012]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар