ВМРО-ДПМНЕ: Туристички програми „Патот на виното“
Во соработка со винариите, стопанските комори и единиците за локална самоуправа, ќе изработиме туристички програми „Патот на виното“ за домашни и странски посетители за организирани посети на винариите и винските региони и дегустација на традиционална македонска храна и вино, како и разгледување на процесот на производство на македонското вино. Носител: Македонска национална туристичка организација во соработка со Министерството за економија. [Рок: 2011 – 2015]
Образложение:
Во текот на изминатиот период, со цел исполнување на ова ветување, основана е Македонска национална асоцијација на сите винарии во Р. Македонија. Исто така, со цел промоција на винскиот бизнис и развој на туризмот дел од винариите овозможуваат тури во кои се презентира работата, квалитетот и процесот на изработката на вино, како и природните убавини со кои овие винарии се опкружени.
Линкови:
- Винариите основаа Македонска национална асоцијација [Пристапено на: 06.04.2014]
- По античкиот пат на виното – целодневна тура [Пристапено на: 06.04.2014]
- Индустриска зона – Винарии Караслари [Пристапено на: 06.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар