ВМРО-ДПМНЕ: Туристичко рекреативни патеки

Ќе изградиме 60 километри на туристичко рекреативни патеки по планините (Попова Шапка, Пелистер, Пониква, Кожув, Маврово и Голак) ширум земјата и нивно обележување, со поставување на патокази, одморалишта, летниковци и информативни табли. [Рок: 2012 – 2015]

Образложение:

Според Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014, страна 94, реализацијата на проектот за уредување и обележување на туристичко рекреативните патеки по планините е во тек и сеуште не е завршен. Како дел од овој проект планирано е сите туристичко рекреативни патеки да бидат публикувани во книга-водич, а ќе бидат поставени и на туристичкиот портал Macedonia Тimeless со сите податоци за патеките и за атракциите што можат да се видат во близина. Со оглед на тоа дека не се завршени активностите за реализација на овој проект, ветувањето се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 10.04.2012]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

ВМРО-ДПМНЕ: Отчет за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014. [Пристапено на: 10.04.2014]

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција