ВМРО-ДПМНЕ: Урбан рекреативен туризам

Ќе го разработиме концептот на урбан рекреативен (активен) туризам преку проекти од типот на „Прошетка на две тркала“ за развој на велосипедскиот туризам и преку конкретни активности како изградба на велосипедски патеки, пешачки патеки, планинарски патеки, како и соодветно осветлување, обележување и мапирање на туристичките атракции во 5 туристички локации во земјата. [Рок: 2012 – 2015]

Образложение:

Нема информации дека се преземени одредени сериозни активности во насока на реализирање на проекти од типот на „Прошетка на две тркала“. Според информациите од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, предвидено е во наредниот период да се работи на програми за развој на спортскиот и рекреативниот туризам, како и проект за создавање на мрежа на планинарски и велосипедски патеки. Со оглед на тоа дека досега не е реализиран овој проект, ветувањето се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 15.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција