ВМРО-ДПМНЕ: Вклучување на ромските деца во предучилишно образование
Обезбедивме вклучување на 410 ромски деца во предучилишното образование во 19 општини ширум државата. Ќе обезбедиме дополнително вклучување на деца во детските градинки, со што ќе настојуваме да се зголеми бројот на ромски деца да се интегрираат во образовниот систем на земјата. [Рок: 2013]
Образложение:
Преземени се повеќе активности во насока на реализација на проектот за вклучување на ромските деца во предучилишно образование. Според информациите од Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, досега со овој проект се опфатени 2000 деца Роми. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 09.04.2014]
Линкови:
- Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија (12.03.2014): Петти Работен состанок за инклузија на Роми и Роми бегалци. [Пристапено на: 09.04.2014]
- Сител Телевизија (23.05.2012): Над 150 деца Роми вклучени во градинките во четири општини. [Пристапено на: 09.04.2014]
- Идивиди (20.10.2011): Во Кочани обука за запишување на децата Роми во основното и средно образование. [Пристапено на: 09.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар