ВМРО-ДПМНЕ: Воен правобранител – омбудсман
Ќе воведеме „Воен правобранител – омбудсман“, како механизам независен од воената командна структура кој ќе врши контрола за доследна примена на постојната законска регулатива во доменот на заштитата и регулирање на правата на вработените во АРМ и МО, односно пружање на правна помош на вработените во АРМ и МО, во насока на почитување на начелата и практиките на добро владеење.
Образложение:
Според информациите од Министерството за одбрана на Република Македонија воведен е механизмот „Воен правобранител – омбудсман“.Вработено лице во Министерството за одбрана од Секторот за инспекција е избрано и поставено како Воен правобранител – омбудсман. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 04.04.2012]
Линкови:
- ВМРО-ДПМНЕ: Отчет за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014. [Пристапено на: 04.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар