ВМРО-ДПМНЕ: Закон за музичка и сценско-уметничка дејност

Со овој закон ќе се уредат условите и начинот на работа на установите за музичка и сценско-уметничка дејност, вршењето на дејноста, условите и постапката за стекнување на статус на првенец, планирање и реализација на програмите, права од работен однос, дефинирање на сценски уметници и сценски работници, добивање на статус на национален првенец, судирот на интереси и други прашања кои се предметни за регулирање со Законот. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Законот за музичка и сценско уметничка дејност сеуште не е донесен. Исто така во Отчетот на Владата 2011-2014 година нема информации за реализирањето на овој проект.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција