ВМРО-ДПМНЕ: Зголемување на капиталот на ЕЛЕМ
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе реализира активности за привлекување на домашни и странски инвеститори кои ќе го зголемат капиталот на ЕЛЕМ преку купување на нови акции и приватизација на најмногу до 49% од сопственоста во ЕЛЕМ. Проектот ќе биде воден од светски реномирани консултантски куќи, во целосно транспарентна постапка, со меѓународен јавен повик до потенцијалните инвеститори (со објава во реномирани странски и домашни весници). [Рок: завршување на докапитализацијата – декември 2013]
Образложение:
Според Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија за периодот од 2011 до 2014 година, страна 89, не е остварена реализацијата на овој проект. Според информациите, одлучено е дека долгорочен интерес на Република Македонија е АД ЕЛЕМ да остане во целосна државна сопственост. Ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 02.04.2014]
Линкови:
- ВМРО-ДПМНЕ: Отчет за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014 [Пристапено на: 02.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар