ВМРО-ДПМНЕ: Зрзе, манастирски комплекс, Прилепско

Археолошки истражувања во југозападните и во северозападните простори од манастирскиот комплекс; Возобновување – реконструкција на монашките ќелии. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Истражувачкиот проект на манастирскиот комплекс е реализиран во периодот 2008-2009 година, кога се откриени остатоци од старохристијански црковен објект. Со подоцнежните истражувања целосно се откриени и монашките ќелии на Манстирот Зрзе. Во манастирот веќе е реконструиран конакот , а се очекува да заврши и реконструкцијата на монашкиот конак. СПорет Отчетот на Владата 2011-2014, понатака ќе следува “реконструкција на дел од североисточниот бедем со изведба на горна порта и партерно уредување„.

Крајниот рок на овој проект е 2015 година, но поради предвремените парламентарни избори, истиот ќе биде оценет со краен рок до 1 Април 2014 година.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција