Вработените во „Фајзер“ ги добиле истите вакцини со истиот состав, само од различна серија

Фото: pixabay.com

Во постот наменски е прикажан само краток фрагмент – виедоматеријал од 20 секунди, со којшто се креира погрешна слика за вакцините. Од целосниот контекст на прашањето и одговорот кои може да се видат на оригиналното видео, јасно е дека вработените во „Фајзер“ не добиле поинакви вакцини од оние за општата популација. Серијата била посебна затоа што во тој момент кога почнувала вакцинацијата за вработените, во болниците во Австралија веќе биле дистрибуирани точен број на вакцини за општото население, па не се сакало да се зема од вакцините коишто веќе биле наменети, купени и дистрибуирани за граѓаните. Затоа, „Фајзер“ за своите вработени набавиле нова серија од истите вакцини и од истиот состав 

Во постот наменски е прикажан само краток фрагмент – виедоматеријал од 20 секунди, со којшто се креира погрешна слика за вакцините. Од целосниот контекст на прашањето и одговорот кои може да се видат на оригиналното видео, јасно е дека вработените во „Фајзер“ не добиле поинакви вакцини од оние за општата популација. Серијата била посебна затоа што во тој момент кога почнувала вакцинацијата за вработените, во болниците во Австралија веќе биле дистрибуирани точен број на вакцини за општото население, па не се сакало да се зема од вакцините коишто веќе биле наменети, купени и дистрибуирани за граѓаните. Затоа, „Фајзер“ за своите вработени набавиле нова серија од истите вакцини и од истиот состав 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Запослените во Фајзер добиле други вакцини од оние што биле пуштени за народот.

Во него се споделува и видеоматеријал од 20 секунди кој е исечен на крајот, а на видеото се слуша дел од прашање и дел од одговор:

…за време на вашиот мандат за вакцини сте користеле сопствена серија вакцини специјално увезена за Фајзер која не била тестирана од страна на TГA. Дали е тоа точно?…

Потоа следува дел од одговорот:

Сенаторе, Фајзер увезе серија вакцини специфично за програмата за вакцинација на вработените… (не е довршена реченицата и видеото е пресечено тука).

Вистиномер го пронајде оригиналното видео од кое се гледа дека станува збор за сослушување во сенатот во Австралија, каде сенаторот Малком Робертс им поставува прашања на медицинскиот директор на „Фајзер“ за Австралија, доктор Кришан Тиру и на доктор Брајан Хјуит.

Робертс го прашува доктор Хјуит (на 4 минута и 20 секунда во видеото подолу), дали за време на вакцинацијата се користела серија на вакцини специјално увезена за вработените на „Фајзер“ во Австралија и која не била тестирана од ТГА.

По поставеното прашање, следува целосниот одговор од доктор Хјуит каде што се добива сосема поинаков контекст од оној презентиран во постот што го рецензираме.

Имено, во постот и описот даден во него, се создава слика дека вакцините што ги примиле луѓето вработени во „Фајзер“, на некој начин биле посебни, специјални по состав и по дејство, споредено со оние кои биле употребени за општата популација, што се разбира не е точно. Тоа се гледа и од одговоротна доктор Хјуит којшто гласи:

Сенаторе, „Фајзер“ увезе серија вакцини специфично за програмата за вакцинација на вработените. Тоа беше од причина што не сакавме да земаме вакцини од залихите што беа доставени во клиниките, по број колку што беа потребни (изјавата за конкретното прашање завршува на 4 минута и 43 секунда во видеото).

Дури ни сенаторот кој ги поставува прашањата, после овој одговор дополнително не прашува дали станува збор за посебни, односно вакцини кои се различни од оние што им биле дадени на луѓето во општата популација (доставените во болниците во Австралија), туку продолжува со испрашувањето и ги прашува докторите дали ги принудувале своите вработени да се вакцинираат, за да не се соочат со консеквенции. На што одговорот е дека и во „Фајзер“ биле дозволувани исклучоци од вакцинација поради религиозни причини, како и дека компанијата се водела по правилата на властите во Австралија.

И во минатото, за време на вакциналната кампања против ковид-19, Вистиномер дебанкираше неколку слични тврдења, кои имаа за цел да ги претстават политичките елити, високо позициониранита лица во бизнисот, културата, музиката и во општествениот и професионалниот живот, како привилегирани, па тогаш се кажуваше за нив дека се вакцинирале лажно,  или дека се вакцинирале со посебни серии од кои некои се со помалку несакани ефекти од другите, како и слични невистини, со цел да се создаде лажна слика пред јавноста, дека вакцините на некој начин се штетни за општото население, а дека елитите се заштитени. 

Во постот наменски е прикажан само  краток фрагмент – виедоматеријал од 20 секунди, со којшто се креира погрешна слика за вакцините. Од целосниот контекст на прашањето и одговорот кои може да се видат на оригиналното видео, јасно е дека не станува збор за вакцини кои се поинакви за вработените во „Фајзер„. Серијата била посебна затоа што во тој момент кога почнувала вакцинацијата за вработените на „Фајзер„, во болниците во Австралија веќе биле дистрибуирани точен број на вакцини за општото население, па не се сакало да се задира во нив и да се земаат вакцини коишто веќе биле наменети, купени и дистрибуирани за граѓаните. Затоа, „Фајзер“ набавиле нова серија од истите вакцини и од истиот состав, наменети за своите вработени.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека постот што го рецензираме е со пропуштен контекст.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција