Западот не ги предводи, туку бара прекин на војните во Украина и Палестина

Фото:günterPixabay

Англосаксонскиот свет не се бори против христијаните и муслиманите, ниту пак, е поттикнувач на војната во Украина и во Палестина. Во западните држави живеат и муслимани и христијани, како и припадници на други верски заедници, бидејќи правото на религиска определба е неприкосновено во западните земји. Во случајот со Русија која ја почна воената инвазија врз Украина, најголем дел од населението и во Русија и во Украина се православни христијани. Што се однесува на Палестина и Израел, ЕУ повикуваат на примирје и деескалација и решавање на конфликтот кој перзистира со години

Англосаксонскиот свет не се бори против христијаните и муслиманите, ниту пак, е поттикнувач на војната во Украина и во Палестина. Во западните држави живеат и муслимани и христијани, како и припадници на други верски заедници, бидејќи правото на религиска определба е неприкосновено во западните земји. Во случајот со Русија која ја почна воената инвазија врз Украина, најголем дел од населението и во Русија и во Украина се православни христијани. Што се однесува на Палестина и Израел, ЕУ повикуваат на примирје и деескалација и решавање на конфликтот кој перзистира со години

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Сатанистичкиот Англо-саксонски свет води војна на два фронта: (преку Украина) против Православието и (преку Израел) против Муслиманите.

Во склоп на објавата ваквото тврдење се илустрира со фотографии од две мапи, една од Блискиот Исток, другата од Украина и Русија, а на третата фотографија е претставена Статуата на слободата, меѓутоа на начин што наместо оригиналното лице на фигурата, претставен е скелет, со што таа добива демонизирана форма, а во позадина се гледа дел од американското знаме. Со ваквата илустрација, Статуата на слободата, инаку подарок од Франција за САД, е претставена како симбол на демонизираност.

Тврдењето во објавата дека англосаксонскиот свет води војна против православието или против муслиманите, е неточно. Ако во поширока смисла се погледне кои се англосаксонски народи, според Британика, тоа се народите од Англија и Велс, но постојат и дефиниции што тука ги вметнуваат и земјите како САД и Австралија. Улогата која западните држави ја имаат во воената инвазија што Русија ја почна врз Украина, е помагање на Украина во нејзиното право на самоодбрана. Оваа нивна поддршка за Украина и украинскиот народ, која се манифестира во пакети за помош, било да се состојат во финансии или потребни средства за самоодбрана, се злоупотребуваат во наративите за да се изврти тезата и да се обвинат овие држави дека тие ја водат војната што не е вистина. Впрочем, војната би можела веднаш да престане кога Русија би ги повлекла своите трупи од Украина и од нејзините окупирани територии.

Злоупотребата на религискиот наратив, исто така е евидентна во објавата што ја рецензираме. Самите држави од Западот, се мултиетнички и мултирелигиозни, што значи дека во нив живеат граѓани со различни верски уверувања, што им е загарантирано со највисоките правни акти на европските држави. Правото на вероисповед во Европа е неприкосновено. Следствено, самите тие држави, не се борат ни против муслиманите во Газа, ни против православните христијани во Украина или во Русија.

Ова е пропаганден наратив без квалитетни докази.
Украинските медиуми од 2022 година предупредуваат дека Кремљ има креирано пропаганден наратив дека Западот се бори против православието и против таканаречените традиционални семејни вредности, кои Русија ги присвојува за ексклузивно свои, во својот обид да ја оправда воената инвазија што ја започна. Дел од свештенството на православната црква во Русија застана зад воената инвазија што државата ја спроведува врз својот сосед и тоа е нотирано од страна на Европскиот парламент. Во извештајот пишува дека 71 процент од Русите се декларираат како православни, како и 78 проценти од граѓаните на Украина. .
Европската Унија прави сè што може да го намали страдањето на цивилите во Газа. Исто така ги поддржува напорите на Египет, Катар и САД да се постигне примирје. Но, договорот за прекин на огнот, не е потпишан и покрај тоа што медијатори се обидуваат да се дојде до примирје. Шефот на надворешната и безбедносната политика на ЕУ, Жозеп Борел упати силен повик нуклеарните капацитети да не бидат цел на конфликти откако ситуацијата ескалираше и меѓу Израел и Иран. Цивилните катастрофи во Газа се огромни и го предизвикуваат вниманието на бројни интернационални организации за заштита на човекови права, како и повици да прекинат нападите, но засега безуспешно. Во мај 2023 година ЕУ го поздрави прекинот на огнот меѓу Израел и Палестина.
ЕУ е подготвена да работи со сите свои партнери за да донесе олеснување, да помогне да се постигне мир и за Израелците и за Палестинците и да се реставрира политичкиот хоризонт. ЕУ го повторува својот повик до сите страни, да работат на деескалација, информираа тогаш.
Англосаксонскиот свет – што е уште еден синоним за западниот свет во објавата што ја рецензираме, не се бори против христијаните и муслиманите, ниту пак, е поттикнувач на војната во Украина и во Палестина. Во западните држави живеат и муслимани и христијани, како и припадници на други верски заедници, бидејќи правото на религиска определба е неприкосновено во западните земји. Во случајот со Русија која ја почна воената инвазија врз Украина, најголем дел од населението и во Русија и во Украина се православни христијани. Што се однесува на Палестина и Израел, ЕУ повикуваат на примирје и деескалација и решавање на конфликтот кој перзистира со години.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 



 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција