Зборник „Манипулирање на јавниот дискурс: дезинформации и пропаганда“

Зборникот „Манипулирање на јавниот дискурс : дезинформации и пропаганда“  е важна компилација за сите што сакаат да го разберат сложеното поле на дезинформации, кои во последните години се размножуваат со голема брзина. На едно место Фондацијата Метаморфозис објавува низа текстови, статии за проверка на факти, анализи и прегледи, кои се однесуваат на 2023 год.

Зборникот покрива широк спектар теми што особено и најчесто биле искористени за ширење на дезинформациите. Навлегува во тоа како геополитичките наративи за војната во Украина, дезинформациите поврзани со пандемијата, искривените претстави за семејните вредности и Европската Унија, биле експлоатирани за да го манипулираат јавното мислење и да ја искриват реалноста. Содржината во Зборникот служи не само како јавно сведоштво за овие настани, туку и како корисен извор за сите што се заинтересирани да го разберат начинот на функционирање на дезинформациите и нивните последици. Истата претставува само мал дел од големата работа што ја прави Фондацијата Метаморфозис во борбата против штетните ефекти на дезинформациите, а особено Вистиномер.мк, кои се посветени на бранењето на вистината.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција